Достапни линкови

Микрософт офис за корисниците на ајпад


Илустрација.

Илустрација.

Американскиот софтверски гигант Микрософт претстави верзија на својот популарен програмски пакет „Офис“ за ајпад таблетите на нивниот долгогодишен ривал Епл. Новиот генерален директор на Микрософт Сатја Надела ова го објави вчера во неговиот прв прес-брифинг по преземањето на функцијата минатиот месец. За неколку часа по претставувањето, Ворд стана најпреземаната апликација за ајпад на Епл стор. Микрософт се соочуваше со критики зашто досега не им понудил сопствен софтвер на речиси 200 милиони корисници на ајпад продадени до крајот на 2013 година.
XS
SM
MD
LG