Достапни линкови

logo-print

Рохани: странските окупации носат само насилство


Хасан Рохани, Кабул, 27.03.2014.

Хасан Рохани, Кабул, 27.03.2014.

Иранскиот претседател Хасан Рохани за време на посетата на Кабул изјави дека двете странски окупации на Авганистан и донесле само насилство и екстремисти на таа земја. Рохани беше во Кабул по покана од претседателот Хамид Карзаи како домаќин на прославата на Персиската Нова година или Норуз. Без да ги спомене Соединетите држави и поранешниот Советски сојуз, Рохани оцени дека окупациите му донесле само страдање на авганистанскиот народ. Во Кабул беа и претседателите на Таџикистан и на Пакистан при што е потпишана декларација за соработка на стабилноста во регионот.
XS
SM
MD
LG