Достапни линкови

Неповолната хидрометеоролошка состојба во регионот, како и во земјава, најавува дека во наредниот период кумановци ги очекува уште едно сушно лето.

Неповолната хидрометеоролошка состојба во регионот, како и во земјава, најавува дека во наредниот период кумановци ги очекува уште едно сушно лето. Надлежните претпријатија „Водостопанство-Кумановско-Липковско поле“ и локалното „Водовод“ се во период на планирање соодветни мерки при што приоритет би било водоснабдувањето на граѓаните.
Да извршиме 24-часовна контрола на количества на вода, на точки на испуштање на водата. Во овој момент вода се испорачува единствено кон комуналното претпријатие „Водовод“ за водоснабдување на граѓаните и кон индустриските капацитети.

Според Филип Филиповски, директор на „Водостопанство“, во двете акумулации Липково и Глажња има околу 7,5 милиони кубни метри вода, двојно помалку од минатата година во истиот период. Одборот на водокорисниците уште во јануари годинава го задолжил ова претпријатие да се подготви за можни неопходни мерки, вели Филиповски и додава:

„Да извршиме 24-часовна контрола на количества на вода, на точки на испуштање на водата. Во овој момент вода се испорачува единствено кон комуналното претпријатие „Водовод“ за водоснабдување на граѓаните и кон индустриските капацитети“, вели Филиповски.
Природата е немилосрдна и ова што ни се случува може да биде сериозна опомена за сите нас дека водата не ја цениме и не ја почитуваме.

Законските обврски се „Водостопанство“ да испорачува вода за граѓаните, за индустријата и земјоделието, а доколку нема доволно вода за сите корисници до надлежните министерства ќе се предложи состојба на виша сила.

„Потоа имаме протокол на снабдување со приоритет на целни групи, а прв приоритет е водоснабдување на граѓани. Согласно Законот за прогласување на виша сила, вода ќе има за граѓаните на Куманово, а нема да има за земјоделците“, објаснува Филиповски.

Горан Стојковски, директор на „Водовод“, вели дека состојбата е алармантна, а рестрикциите се дел од размислувањата за нејзиното надминување. Има два алтернативни извори, кои не можат да ги задоволат потребите. Во меѓувреме се работи на физибилити студии според кои би се утврдило каде уште може да има бушотини за да се ублажи кризата и Куманово да не биде толку зависно од липковските акумулации. Се размислува и за рамномерни рестрикции, ноќ-ден, да не биде удар кон високата зона, се очекува во април да се види какви врнежи ќе има, а какви и да се, сепак нема да е доволно.

„Природата е немилосрдна и ова што ни се случува може да биде сериозна опомена за сите нас дека водата не ја цениме и не ја почитуваме. Во една прилика кажав дека сите ги плаќаме сметките за струја, телефон и интернет, а сметката за вода ни е на последно место. Сметките што ќе ги наплатиме, ќе може да се види од финансискиот извештај на ЈП „Водовод“ буквално одат за средување на состојбата со водоснабдување и плаќање на долгот кон „Водостопанство“ заради надминување на оваа состојба“, вели Стојковски.

Тој додава дека сите трошоци во „Водовод“ се сведени на минимум, сметките што се наплаќаат од граѓаните, пак, им се враќаат за водоснабдување. Според него, сите досегашни апели не биле испочитувани, така што ова е последниот кој укажува дека водата треба да се почитува, рационално да се користи и потрошената вода да се плаќа редовно и навремено.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG