Достапни линкови

Турција и против Јутјуб


Истанбул, 27.03.2014.

Истанбул, 27.03.2014.

Една недела по затворањето на Твитер, турските власти денеска, како што јавуваат новинските агенции, решиле да дејствуваат и против Јутјуб. Турските телекомуникациски органи соопштија дека презеле административна мерка против популарниот сајт за размена на видео материјали, меѓутоа не е наведено за каква мерка станува збор. Медиумите јавуваат дека се работи за блокирање на пристапот до Јутјуб во земјата. До ова доаѓа откако аудио снимка била постирана на Јутјуб во која наводно шефот на турската дипломатија и други претставници во министерството разговарале за воена интервенција во Сирија. Министерството, објавувањето на снимката го оцени како очајнички напад врз националната безбедност на земјата.
XS
SM
MD
LG