Достапни линкови

Дуел за Украина во Обединетите нации


Привремениот министер за надворешни работи на Украина Андриј Дешчица на денешната седница на Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека руската анексија на Крим претставува сериозно кршење на меѓународните договори за безбедност. Рускиот амбасадор во Светкста организација Виталиј Чуркин пак, изјави дека Крим историски бил дел од Русија, додавајќи дека украинската легитимна влада престанала да постои откако претседателот Виктор Јанукович бил отстранет од власт во минатиот месец. Претставниците на Европската унија и на Соединетите држави во Њујорк ја осудија анексијата на Крим со забелешка дека руската акција претставува менување на границите со употреба на сила. Генералното собрание се очекува денеска да гласа за резолуцијата со кој се потврдува украинскиот територијален интегритет, а референдумот на Крим се оценува како нелегален. Оваа резолуција е необврзувачка.
XS
SM
MD
LG