Достапни линкови

Тимошенко во трката за претседател на Украина


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко на прес конференција во Киев изјави дека планира да се кандидира за претседател на државата на изборите на 25 Мај.

Собранието ги распиша предвремените избори по гласањето за соборување на претседателот Виктор Јанукович во февруари, по три месечните анти владини протести.

Тимошенко, беше главен политички ривал на Јанукович. Во 2011 година, таа беше затворена за седум години по обвиненијата за злоупотреба на власта, а беше ослободена од затворската болница во Харков по падот на Јанукович.
XS
SM
MD
LG