Достапни линкови

logo-print

ЕУЛЕКС останува на Косово најмалку уште две години?


Мандатот на ЕУЛЕКС на Косово ќе продолжи и покрај желбата на косовските власти европската мисија да и ги предаде своите извршни надлежности на Приштина, пишува весникот „Трибуна“.

Меѓународни официјални претставници ги информирале косовските институции дека за ваквата одлука придонесле судските истраги кои се водат за воени злосторства и корупциски случаи во високите нивоа на власта, како и големата улога на ЕУ во северниот дел на Косово.

Според извори на весникот, мисијата на ЕУ ќе продолжи да работи на Косово уште најмалку две години под името ЕУЛЕКС или под некое друго име.

Приштина бара ЕУЛЕКС да не се занимава со „жешките случаи“ на високо ниво и предлага улогата на европската мисија во областа на судството да биде од консултативен карактер.
XS
SM
MD
LG