Достапни линкови

Обама се сретна со Папата во Ватикан


Американскиот претседател Барак Обама на денешната средба со папата Франческо во Ватикан се нарече себеси негов голем почитувач.

На приватната средба, која Обама ја опиша како голема чест за него, една од темите за разговор е решавање на јазот меѓу богатите и сиромашните.

Обама замина за Рим по тридневните разговори со лидерите на Европската унија во Хаг и Брисел во врска со кризата во Украина. Ова е втора посета на Обама на Ватикан како претседател, по средбата во 2009 година со папата Бенедикт Шеснаесетти.

Обама, исто така, ќе се сретне новиот италијански премиер Матео Ренци Matteo и претседателот Џорџо Наполитано, пред да замине петок за Саудиска Арабија - неговата последна станица на еднонеделната турнеја.
XS
SM
MD
LG