Достапни линкови

Сигнали за постигнување компромис не даде ниту една од страните, но со најавените средби тој да се одржува во живот, анализира професор Мерсел Биљали.

Познавачите на спорот околу името не гледаат можност новоотворената рунда средби меѓу медијаторот и претставниците од двете страни да резултира со напредок во процесот. Сигнали за постигнување компромис не дала ниту една од страните и процесот не може да се помрдне од мртвата точка, но со најавените средби едноставно постои намера тој да се одржува во живот е анализата на професор Мерсел Биљали.
Можеби на Самитот ќе се донесе некаква одлука земјава да биде примена во НАТО, по што одма ќе стартуваат посериозни разговори за името на поинакво ниво.


„Мој впечаток е дека нема помрднување од мртва точка, така што не се очекува нешто спектакуларно, дури има сигнал и индикации дека конечно Американците повикуваат да престане мандатот на Нимиц и можеби на Самитот ќе се донесе некаква одлука земјава да биде примена во НАТО, по што одма ќе стартуваат посериозни разговори за името на поинакво ниво“, изјави Биљали. Средба на премиерот Никола Груевски со медијаторот Метју Нимиц, 2013.

Средба на премиерот Никола Груевски со медијаторот Метју Нимиц, 2013.



Во неговите очекувања е сосема реално настаните околу спорот за името да добијат поинаков тек по наредниот самит на НАТО.

Оттука овие обиди на Нимиц, поранешниот дипломат Ристо Никовски смета дека не се случајни особено што се покренуваат во како што вели крајно невообичаениот период на избори во двете земји. Новите околности за вакво нешто ги создаде кризата во Украина и обидите кои, како што вели, ќе ги направи НАТО да спречи пошироко влијание на Русија на Балканот зајакнувајќи ги своите позиции преку покана за влез кон Македонија и Црна Гора. Но решенијата кои ги нуди Нимиц за надминување на спорот и натаму се неприфатливи за Македонија, додава Никовски.
Нимиц нема да успее, бидејќи решение кое нуди тој е неприфатливо за Македонија и нема шанси за помине, бидејќи се бара до нас јасна и отворена капитулација.


„Нимиц нема да успее, бидејќи решение кое нуди тој е неприфатливо за Македонија и нема шанси за помине, бидејќи се бара до нас јасна и отворена капитулација“, вели Никовски.

Експертите посочуваат и дека не се нереални можностите Македонија во Алијансата да биде примена под привремената референца и такви обиди Никовски очекува во, кaко што, ја нарекува втората фаза од целиот процес во очи наредниот самит на Алијансата во Јужен Велс во септември. По вчерашната средба на медијаторот Нимиц со преговарачите од двете страни тој изјави дека таа не донела напредок но сепак завршила со подготвеност разговорите да се забрзаат. Уште една средба во Њујорк тој најави во мај а по изборите за европскиот парламент во Грција кои ќе се одржат кон крајот на мај, рече дека ќе допатува во регионов.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG