Достапни линкови

Евростат: Бугарија со најниска цена на трудот во ЕУ


Со 3,7 евра за час, Бугарија имала најниска цена на трудот во ЕУ во 2013 година, но воедно има и најголемо зголемување во вкупната вредност на трудот од 44,1 отсто, од 2008 до 2013 година.

Со 4,6 евра за час работа Романија се најде пред Бугарија во класификацијата на цената на трудот, како и според зголемувањето на показателот за посочениот период, од 32,8 насто.

Најскапо е платен трудот во Шведска, каде за еден час работа се добиваат 40,1 евра, покажуваат податоците на Евростат.

Просечно во ЕУ цената на трудот во 2013 година изнесуваше 23,7 евра, а во еврозоната 28,4 евра.
XS
SM
MD
LG