Достапни линкови

Обама во посета на Ватикан и Рим


Американскиот претседател Барак Обама денеска се среќава со папата Франческо во Ватикан.

Една од темите за разговор е решавање на јазот меѓу богатите и сиромашните. Обама замина за Рим по тридневните разговори со лидерите на Европската унија во Хаг и Брисел во врска со кризата во Украина.

Ова е втора посета на Обама на Ватикан како претседател, по средбата во 2009 година со папата Бенедикт Шеснаесетти.

Обама, исто така, ќе се сретне новиот италијански премиер Матео Ренци Matteo и претседателот Џорџо Наполитано, пред да замине петок за Саудиска Арабија - неговата последна станица на еднонеделната турнеја.
XS
SM
MD
LG