Достапни линкови

Обама: Русија употреби брутална сила во Украина


Американскиот претседател Барак Обама, кој се наоѓа во европска турнеја, ја критикува Русија за нејзината употреба на брутална сила во Украина, ветувајќи дека утврдениот сојуз на САД и Европа ќе преовладува со текот на времето. Тој изјави дека руските акции во Украина претставуваат глобален „момент на тестирање“. Обама нагласи дека САД и Европа не се заинтересирани да ја контролираат Украина и оти САД и НАТО не бараат конфликт со Русија, додавајќи оти ова не е нова студена војна.
Обама призна дека не постои начин Русија да се отстрани од Крим, но додаде оти ако САД и нивните сојузници останат обединети, рускиот народ ќе признае дека нема да ги постигне безбедноста, просперитетот и статусот што ги бара.
XS
SM
MD
LG