Достапни линкови

Хејгел: руските сили се поблиску до границата со Украина


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека Русија деновиве ги разместила силите поблиску до границата со Украина и покрај уверувањата дека нема да нападне. На средбата со својот британски колега Филип Хамонд, Хејгел истакна дека во минатата недела добил гаранции од рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека Русија нема да ја нападне Украина.
Хамонд, пак, изјави дека „другите руски играчи, вклучувајќи го и министерот Шојгу, може да ги изнесат своите видувања, но тоа е дискутабилно“. Сите докази укажуваат на тоа дека руската агенда е цврсто водена лично од претседателот Путин, додаде Хамонд.
XS
SM
MD
LG