Достапни линкови

logo-print

Зголемен бројот на извршени смртни казни во светот


Групата за човекови права Амнести Интернешнел во својот годишен извештај за смртните казни соопшти дека Иран и Ирак се одговорни за големиот глобален пораст на егзекуциите во минатата година. Според извештајот, во 2013 година се извршени 778 егзекуции, што е за околу 15 насто повеќе во однос на претходната година. Од оваа бројка, 369 луѓе се погубени во Иран, а 169 во Ирак. Повеќето од егзекутираните во Ирак биле осудени според недоволно јасни антитерористички закони. Генералниот секретар на Амнести Салил Шети изјави дека двете земји се впуштиле во „ виртуелен убиствен поход“.
Во овој извештај не е вклучена Кина, за која Амнести страхува дека извела илјадници егзекуции, како ни Северна Кореја, каде што најверојатно се егзекутирани повеќе од 70 луѓе, како што покажуваа некои извештаи.
XS
SM
MD
LG