Достапни линкови

logo-print

Пакистан: директни разговори меѓу владата и Талибанците


Талибанските претставници одржаа прес конференција по средбата

Талибанските претставници одржаа прес конференција по средбата

Првите директни разговори меѓу пакистанската влада и талибанските лидери се одржале на тајна локација во северозападниот дел на земјата. Вчерашната средба претставува прв директен контакт од почетокот на мировниот процес во минатата година. Еден од талибанските преговарачи, Маулана Самиул Хак, изјави дека разговорите траеле 7 часа и оти ќе продолжат подоцна оваа недела. Хак ги опиша разговорите како плодни. Претставник на Талибанците изјави дека двете страни дискутирале за сите прашања, вклучувајќи и како да се изврши размена на затвореници и да продолжи прекинот на огнот.
Талибанците прогласија прекин на огнот во минатиот месец, а владата потоа ги прекина воздушните напади врз милитантите.
Разговорите се со намера да се најде начин за прекин на насилствата кои однесоа илјадници животи во минатите години.
XS
SM
MD
LG