Достапни линкови

logo-print

Времето денеска облачно со дожд


Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне кога ќе има услови за локална нестабилност во вид на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.Утринската температура се движи од еден до седум, а дневната ќе биде од 10 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Ќе дува и умерен југоисточен ветер. Утринската температура се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

И утре ќе има локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет.
За време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време.
XS
SM
MD
LG