Достапни линкови

Договори за откуп на тутун по партиска линија


Тутунари од село Десово.

Тутунари од село Десово.

Склучувањето на договори за откуп на тутун се прави по партиски клуч, обвинуваат тутунари до село Десово. Тие велат дека останале без договори, оти договор се склучува само со тутунарите блиски до власта.

Рамиз Амзиќе е долгогодишен тутунар од долненското село Десово. Неговото семејство брои шест члена, кои се вклучени во производство на тутун со најголема посветеност, бидејќи само така ја обезбедуваат егзистенцијата. Но, годинава тие се одбиени од откупните фирми, не можат да склучат договор.
Посеав расад 200 квадрати, предадов 1.600 килограми тутун и сега немам договор никаков. Реков што е сега работава, значи има некој право на живот, а друг нема.


„Четири деца имам и јас и жена ми шестмина сме, значи немаме никаква друга егзистенција за живот, освен од тутунот. Посеав расад 200 квадрати, предадов 1.600 килограми тутун и сега немам договор никаков. Реков што е сега работава, значи има некој право на живот, а друг нема. Тие ми велат ние тоа прашање не можеме да ти го одговорам, само можеме да те посоветувам да си бараш чаре, кај нас е завршена работата. Ама, ова е значи одеднаш, немаш никаква егзистенција, досега си живеел, сега умирај“, вели Амзиќе.
Ќе направат тие договори, туку нас што не оставија без договори, утре ќе ни дојдат дома и ќе ни речат, гласај за овој, еве ти договор“, вели револтиран

Насуф Бајрактари минатата година произвел 3.5 тони тутун. И неговото седумчлено семејството живее само од тутун. Тој не е член на ниту една партија, и за тоа вели сега трпи големи последици. Годинава партиската припадност е клучот да се дојде до договор со откупните фирми, вели тој.

„Сигурно е политички, јас гарантирам, се знае кој е на власт - тој, опозицијата што? Не се прават договори дома на кафе, овде се прават договори. А, дома пијаат кафе и од пенџере, пази од пенџере, ај ти дојди, ти бегај. Ќе направат тие договори, туку нас што не оставија без договори, утре ќе ни дојдат дома и ќе ни речат, гласај за овој, еве ти договор“, вели Бајрактари.

Бекир Далипоски вели дека со ваквиот однос на откупните фирми им се прават големи штети, бидејќи се принудени да потплатуваат многумина други тутунари блиски до власта, за да може да го предадат тутунот на туѓо, на нивно, наместо на свое име. Во спротивно вели ќе останат и без пари и без егзистенција.

„Да дадеш 300 евра ќе дојде после. Исто ги продаваат договорите, по 5 договори пишуваат, јас немам против, за оваа држава умирам, нема нацизам, братство и единство да бидеме, како сме се родиле, така ќе умриме, треба и ние да живееме, и нашите деца да живеат, не со тепачки. Ама сега јас ако зборувам кога ќе појдам во Прилеп по некој документ нема да ми дадат“, реагира и Далипоски.

Иста е приказната на тутунарите во многу прилепски села. Сите тие бараат Министерството и Владата да им помогнат во решавање на проблемот.

„Сите жители на долненска општина бараме да се обнови тоа решението, да ни го реши проблемот Владата, Министерството за земјоделство“, вели Емил Рамовиќ.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG