Достапни линкови

Каталонија не се откажува од независноста од Шпанија


Артур Мас

Претседателот на Каталонија Артур Мас денеска изјави дека напорите на регионот да добие независност од Шпанија продолжуваат. Мас ова го изјави, откако шпанскиот Уставен суд пресуди дека декларацијата за суверенитетот одобрена од парламентот на Каталонија во минатата година била неуставна. Со пресудата и се забранува на Каталонија едннострано да свика референдум за независност. Анкетите покажуваат дека над половината каталонци поддржуваат отцепување од Шпанија.
XS
SM
MD
LG