Достапни линкови

Евроазиска унија, се уште без договор за нафтата и гасот


Првиот заменик премиер на Русија Игор Шувалов изјави дека Русија, Белорусија и Казахстан се уште биле далеку од постигнување спогодба во врска со слободна трговија на нафта и гас. Трите земји во мај годинава планираат да потпишат договор за формирање на Евроазиската економска унија, по моделот на Европската унија. Меѓутоа, Шувалов изјави дека земјите сакале уште неколку години по стартот на Унијата планиран за идната година да се задржат ограничувањата во трговијата со нафта и гас, како и некои други производи, меѓу нив алкохол, тутун и медицински лекови.
XS
SM
MD
LG