Достапни линкови

Кинескиот претседател во посета на Франција


Претседателот на Кина Си Џинпинг

Претседателот на Кина Си Џинпинг

Претседателот на Кина Си Џинпинг ја продолжува посетата на Франција со средба со претседателот Франсоа Оланд. Француската влада се надева дека оваа посета ќе поттикне порамномерни трговски односи меѓу двете земји. Џинпинг е во Франција на чело на делегација од 200 кинески бизнисмени. Пекинг ја разгледува порачката од 159 авиони на европската компанија Ербас во вредност од 14 милијарди евра. Кинескиот претседател кој се наоѓа во прва европска турнеја претходно во Хаг учествуваше на самитот за нуклеарната безбедност.
XS
SM
MD
LG