Достапни линкови

Над 120 можни делови на малезискиот авион


Малезиските власти соопштија дека нови сателитски снимки покажале дека имало 122 објекти во јужниот дел на Индискиот океан кои би можело да бидат делови од исчезнатиот малезиски авион. Објектите биле најдени на површина од 400 квадратни километри. Дванаесет авиони и два брода од неколку земји учествуваат во потрагата во надеж дека ќе најдат некој дел од авионот што би било сигурен доказ дека леталото се урнало. Авионот исчезна на 8 март на летот од Куала Лумпур до Пекинг. Малезија во почетокот на оваа недела објави дека математичката анализа на последните сателитиски сигнали покажувале дека авионот се урнал во морето и притоа загинале сите 239 патници и членови на екипажот.
XS
SM
MD
LG