Достапни линкови

Осум странци се штета за младинските фудбалски школи


Илустрација.

Илустрација.

Со дозволувањето во македонските клубови да играат осум странци, ќе се запре развојот фудбалерите од младинските школи, велат дел од фудбалските работници.

Играњето на осум странци во клубовите, ќе го запре развојот на нашите млади фудбалери и ќе го намали квалитетот на првенството, а со тоа негативно ќе се одрази и на репрезентацијата.
Македонија не може да си дозволи ваков луксуз, затоа што во Македонија може само 2-3 клуба тоа да си го дозволат, останатите не можат.
Илустрација.

Илустрација.

Ова е мислењето на најголем дел од македонските фудбалски работници, за минатомесечната одлука на Фудбалската федерација од наредната сезона екипите место пет да можат да ангажираат по осум интернационалци. Образложението беше дека со тоа им се дава шанса на клубовите да направат поконкурентни тимови за настап во европските купови. Тоа можеби и ќе се случи, но, според легендата на македонскиот фудбал, Кочо Димитровски, сигурно ќе донесе и згаснување на некои домашни фудбалски центри.
Ова не е добро за нашите таленти. Значи, еве примерот со Вардар, знаеме дека на лето ќе дојдат осум странци. Дали тие ќе бидат полн погодок или не, ќе видиме. Но, тоа ќе го намали или ќе го успори тоа добивање шанса на младите наши играчи.

„Македонија не може да си дозволи ваков луксуз, затоа што во Македонија може само 2-3 клуба тоа да си го дозволат, останатите не можат. Значи, нашето првенство ќе се одвива само меѓу тие 3-4 екипи. Јас гарантирам дека догодина во многу градови ќе нема фудбал, како Кавадарци, како Прилеп, како Валандово, Куманово исто така. Ова што се кажува 8-9 не оди тоа. Можеби нека биде преку сила 3-4 странски играчи и толку е доволно“, изјави рекордерот според бројот на одиграни натпревари во дресот на Вардар.

Слично е мислењето и на поранешниот репрезентативен голгетер Ѓорѓи Христов.

„Ова не е добро за нашите таленти. Значи, еве примерот со Вардар, знаеме дека на лето ќе дојдат осум странци. Дали тие ќе бидат полн погодок или не, ќе видиме. Но, тоа ќе го намали или ќе го успори тоа добивање шанса на младите наши играчи. Така што, мислам дека нема многу оваа одлука да придонесе за зголемување на квалитетот. На поединечни клубови да, но генерално, квалитетот на лигата со еден клуб не се подигнува“, рече актуелниот тренер во младинскиот тим на Металург.

Нашите соговорници се надеваат дека ФФМ во блиска иднина ќе се откаже од оваа идеја, но и дека ќе одреди критериуми за ангажирање на фудбалери од странство. Тоа е случај е во речиси сите земји во светот, а Христов го предлага холандскиот пример.

„Таму клубот ако сака да донесе странец мора дебело да го плати. Значи, место да се носат пет странци, подобро еден квалитетен што ќе заврши работа, а за другите ќе се пополни бројот со домашните играчи. Значи да, да се носат странци, но тие треба минимум да се два пати подобри од домашните и автоматски тоа значи ќе вредат“, додаде Христов, а според Димитровски, покрај неопходната инфраструктура, за напредок на мак фудбалот, младите категории мора да работат со квалитетни тренери, а не со нестручни лица, кои се присутни и во некои наши прволигаши.
XS
SM
MD
LG