Достапни линкови

Суспендирани тројца телохранители на Обама


Тројца агенти на американската тајна служба задолжени да го штитат претседателот Барак Обама во Холандија, биле вратени во Соединетите држави и суспендирани поради пијанство. Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека агентите ги прекршиле новите правила на тајната служба. Тие биле воведени по скандалот во Колумбија кога за време на посетaта на Обама на таа земја американски агенти користеле услуги на проститутки.
XS
SM
MD
LG