Достапни линкови

logo-print

Средби со Нимиц за време на избори - случајност или порака?


едијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

едијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Средбите во Њујорк за името, нема да донесат позначајно придвижување на спорот меѓу Македонија и Грција, но состанок може да биде и порака до двете страни дека работите треба да се помрднат.

Иако средбите во рамки на преговорите за името се случуваат во време на претседателски и парламентарни избори во Македонија и локални избори во Грција, експертите не очекуваат позначајни придвижувања од денешниот состанок на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис во Њујорк.
Мислам дека Нимиц не бил свесен кога ќе се одржат изборите кај нас или во Грција. Медијаторот Нимиц редовно сака да ги ислуша ставовите на свете страни, дали има некои промени.


За професор Димитар Мирчев одржувањето разговори во текот на изборната кампања е случајно совпаѓање, бидејки тие средби се договорени одамна.

„Тие средби се договорени, се одвиваат 2-3 пати годишно, дури мислам дека Нимиц не бил свесен кога ќе се одржат изборите кај нас или во Грција. Мислам дека медијаторот Нимиц редовно сака да ги ислуша ставовите на свете страни, дали има некои промени“, изјави Mедијаторот Метју Нимиц и преговарачот Зоран Јолевски во Скопје, септември 2013.

Mедијаторот Метју Нимиц и преговарачот Зоран Јолевски во Скопје, септември 2013.

Мирчев.

Сепак Мирчев дополни дека се надева дека медијаторот Нимиц ќе даде некаков корисен и конструктивен предлог и без разлика на изборите во двете земји да се разгледаат тие предлози доколку ги има.
Доколку се почесто почне да се размислува геополитички, не би бил изненаден доколку Македонија и Црна Гора добијат брза покана за членство во НАТО.


Меѓутоа поранешниот амбасадор во НАТО Нано Ружин денешните разговори за спорот за името во Њујорк ги гледа во корелацијата со настаните во Крим. Според него меѓународната заедница ќе преиспита кои се нејзини сојузници на Балканот на кои НАТО може да смета.

„Гео-политиката го прави своето, сметам дека во тие, би рекле за нас, чудни околности пред почетокот на изборните кампањи и во Грција и во Македонија, се случува Нимиц да испита каква е состојбата, дали постои некоја можност за некој брз компромис.“ Средба на Премиерот на Република Македонија Никола Груевски со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, февруари 2014.

Средба на Премиерот на Република Македонија Никола Груевски со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, февруари 2014.



Ружин очекува уште поинтензивна комуникација во наредниот период во зависност од развојот на ситуацијата околу Крим.

„Не можеме да очекуваме нешто многу од средбата меѓу Нимиц и преговарачите, но Македонија може да се понадева, да очекува некоја промена доколку се деградира состојбата со Украина и доколку се почесто почне да се размислува геополитички, не би бил изненаден доколку Македонија и Црна Гора добијат брза покана за членство. Македонија би била примена под референцата ФИРОМ, бидејќи ние сега сме интересни за Западот.“

Аналитичарот Алберт Муслиу смета дека разговорите во Њујорк се со цел да се најдат нови начини за решавање на спорот за името и интегрирањето на земјата во евро-атланските структури до Самитот на НАТО во септември.

„Овој состанок е порака до двете страни дека работите треба да се помрднат. Не верувам дека сега тие ќе излезат со решение од состанокот, но верувам дека ќе мора да ги помрднат работите.“

Последните вакви разговори на Медијаторот на ОН Метју Нимиц со претставниците на Македонија и на Грција, Јолевски и Василакис се одржаа при крајот на октомври минатата година, по што амбасадорот Нимиц истакна дека меѓу двете страни се уште има големи разлики по ова прашање.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG