Достапни линкови

Продолжи потрагата по исчезнатиот малезиски авион


Меѓународната потрага по исчезнатиот малезиски патнички авион, по еднодневен прекин поради лошото време, продолжи денеска во Индискиот океан. Дванаесет авиони и два брода од неколку земји учествуваат во потрагата во надеж дека ќе најдат некој дел од авионот што би било сигурен доказ дека леталото се урнало. Малезија во почетокот на оваа недела објави дека математичката анализа на последните сателитиски сигнали покажувале дека авионот се урнал во морето и притоа загинале сите 239 патници и членови на екипажот.
XS
SM
MD
LG