Достапни линкови

Во Њујорк разговори за спорот за името


Во Њујорк денеска околу 9 часот по локално време ќе почне средбата посветена на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Специјалниот пратеник во разговорите за името, амбасадорот Метју Нимиц, заеднички ќе се сретне со македонскиот посредник, амбасадорот Зоран Јолевски, и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис.
Средбата, која се очекува да трае неколку часа, ќе биде проследена со прес-конференција во седиштето на Обединетите нации.
Последните вакви разговори се одржаа при крајот на октомври минатата година, по што амбасадорот Нимиц истакна дека меѓу двете страни се уште има големи разлики по ова прашање.
XS
SM
MD
LG