Достапни линкови

logo-print

НАСА –одложено пристигнувањето на леталото Сојуз во Вселенската станица


НАСА соопшти дека дефект на моторот го одложил пристигнувањето на леталото Сојуз во Меѓународната вселенска станица до четврток. Руското летало е со екипаж од тројца астронаути, Русите Александар Сквортсов и Олег Aртемев и Американецот Стив Свансон. Леталото беше успешно лансирано во орбитата од Казахстан денеска изутрината и се очекуваше да пристигне во вселенската станица по шест часа патување.
НАСА соопшти дека пристигнување било одложено бидејќи моторот "не се активирал според планираното" и дека екипажот е во добра психичка состојба и не е во опасност.
XS
SM
MD
LG