Достапни линкови

Ирак - Најмалку 29 загинати во напади


Ирачки официјални лица соопштија дека вчера во бомбашки напади и во престрелки загинале најмалку 29 лица. Автомобил бомба експлодира во близина на безбедносен контролен пункт во североисточното предградие на Багдад, при што загинале девет лица. Во други напади во Бакуба, Мосул и Тикрит загинале најмалку осум други лица. Вооружени лица, исто така, нападнале армиска позиција северно од Багдад, при што загинале осум војници.
Насилствата се случуваат неколку недели пред одржувањето на ирачките први национална избори од 2010 година. Во меѓувреме изборната комисија поднесе оставка поради политички пречки.
XS
SM
MD
LG