Достапни линкови

Времето денеска- облачно со повремен дожд


Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со повремен дожд. Врнежите ќе бидат почести во западните делови и на крајниот исток. Во централните делови ќе има малку повеќе сонце. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно со повремен дожд и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време кое ќе трае до крајот на работната недела. Ќе има и појава на локален дожд. Повеќе врнежи ќе има во четврток кога ќе има услови за локална нестабилност, а ќе дува и умерен до засилен јужен ветер.

За време на викендот ќе преовладува претежно стабилно и потопло време.
XS
SM
MD
LG