Достапни линкови

Болен од церебрална парализа живее во куќа со субстандардни услови


Семејството Трајковски подолго време бара од државата локација за да изгради куќа со потребни услови или да им дадат социјален стан за полесно да може да се грижат за болниот син.

Во куќа со субстандардни услови-тесни одаи, многу скалила и тоалет во дворот, семејството Трајковски го одгледува 38-годишниот син Миле, кој од раѓање е болен од церебрална парализа. Мајката Добрица секојдневно по неколку пати го крева синот за да го стави во количка, па да го качи по скалите и да го однеси до тоалет, а потоа истиот пат го минуваат за назад. Но, со годините и опадна силата.
Имаме куќа, но нема комфор, по скали го качуваме, а и купатилото ни е надвор во гаража. Многу е тешко кога треба да ја обавам неговата хигиена и да го избањам, треба в раце да го носам.


„Имаме дете со церебрална парализа и немаме услови за да го гледаме. Тежок е животот на неговото одгледување. Имаме куќа, но нема комфор, по скали го качуваме, а и купатилото ни е надвор во гаража. Многу е тешко кога треба да ја обавам неговата хигиена и да го избањам, треба в раце да го носам од купатилото до собата каде треба да го облечам. Јас имам 62 години и здравјето ми попушта и секој ден ми е сè потешко“, вели мајката Добрица Трајковска.

Семејството подолго време бара од државата локација за да изгради куќа со потребни услови или да им дадат социјален стан. Мајката и таткото велат болните од церебрална парализа немаат привилегија кога им се решава станбеното прашање пред другите категории на граѓани, иако животот им е многу тежок.

„Бараме локација да биде во градското подрачје или евентуално стан погоден за детето. Локација ако дадат, сами ќе ја направиме куќата. Сум бил и во општина, ќе одиш кај овој, кај оној и години така. Лани конкуриравме за становите солидарни за инвалиди, зашто имаме куќа, а таа, пак, за детето не е погодна“, додава таткото Симеон Трајковски.

Од Центарот за социјални работи велат дека тие не решаваат за станбени прашања. Она што е во нивна надлежност му го исплаќаат на Миле како додаток за туѓа нега, за мобилност, парична помош за лица кои не се сместени во установа, а овозможен му е и престој во дневен центар.

Од Општина Битола велат дека во моментот не располагаат со земјиште кое е адекватно на нивните потреби. Доколку би го имале ќе мораат да го доделат преку лицитација, а активности со државно земјиште од Антикопрупциска комисија се забранети пред избори.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG