Достапни линкови

ДИК го прифати приговорот на СДСМ за отчетот на Иванов


ДИК

ДИК

Државната изборна комисија денеска прифати еден а отфрли друг приговор поднесен од СДСМ за, како што наведоа од оваа политичка партија, предвремен почеток на изборна кампања.
Прифатен е приговорот што се однесува на отчетот за сработеното од страна на актуелниот претседател и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори за шеф на државата Ѓорѓе Иванов, додека членовите на ДИК го отфрлија приговорот во врска со отчетот на ВМРО-ДПМНЕ за работата на Владата и коалициските партнери на оваа партија.
XS
SM
MD
LG