Достапни линкови

logo-print

Самит на Арапската лига, главна тема Сирија


Сиријската криза е во фокусот на годишниот самит на Арапската Лига, кој започна денеска во Кувајт. Лидерот на опозициската Сиријска национална коалиција, Ахмед Џарба ја повика меѓународната заедница да им помогне на бунтовниците и да им достави софистицирано оружје. Саудијска Арабија смета дека меѓународната заедница ги оставила на цедило сиријските анти-владини сили. Се верува дека Саудијска Арабаија и катар се главните арапски воени помагачи на сиријските бунтовници, додека Иран, е главната регионална сила која го подржува режимот на сиријскиот претседател Башар Ал Асад. Посредникот на Обединетите Нации Лахдар Брахими апелираше да престане доставувањето оружје во Сирија и да бидат обновени напорите за политичко решение на конфликтот, во кој досега загинале околу 140 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG