Достапни линкови

logo-print

ХРВ: Украиски активисти уапсени и малтретирани на Крим



Хјуман Рајтс Воч соопшти дека двајца украински политички активисти биле тепани и малтретирани од про-руските сили на Крим. Андриј Счекун и Анатолиј Квалски, кои на Крим организирале про-украински собири пред референдумот за припојување кон Русија, биле уапсени и малтретирани 11 дена, по што биле ослободени. Хјуман Рајтс Воч наведува дека уште најмалку 4-ца други активисти биле уапсени од про-руските сили во овој месец, а сеуште не се знае ни судбината на 6-мина уапсени украински офицери.
XS
SM
MD
LG