Достапни линкови

Црна Гора се надева на покана за членство во НАТО во септември


Црна Гора се надева на покана за членство во НАТО на наредниот самит на Алијансата во септември во Велс, изјави денеска во Брисел, црно-горскиот премиер Мило Ѓукановиќ. По средбата со генералниот секретар Андерс Фог расмусен, Ѓукановиќ истакна дека Црна Гора работела напорно на реформите и оти очекува тоа да резултира со покана за членство. Расмусен истакна дека вратите на НАТО остануваат отворени, но оти сеуште нема одлука за прием на нови земји. Сега сме во процес на подготовки на самитот во Велс и имаме консултации со земјите аспиранти, но одлуката ќе ја донесеме подоцна, изјави Расмусен. Аспиранти за членство во НАТО се и Македонија, Босна и Херцеговина и Грузија.
XS
SM
MD
LG