Достапни линкови

Разрешен украинскиот министер за одбрана и поставен нов


Украинскиот парламент денеска ја прифати оставката на привремениот министер за одбрана Ихор Тенјук и на негово место го наименува генерал Михајло Ковал. Во претходното гласање, исто така денеска, парламентот не ја прифати оставката на Тенјук. Тој ја понуди оставката поради критиките дека не дал навремени и прецизни наредби до украинските воени единици на Крим за време на руската анексија на полуостровот. Тој ги отфрли критиките. Привремениот претседател на Украина, Олександр Турчинов вчера му нареди на Министерството за одбрана да ги повлече сите украински сили од Крим.
XS
SM
MD
LG