Достапни линкови

Непозната судбината на тројцата украински офицери, уапсени на Крим


Судбината на тројцата украински воени команданти сеуште не е позната, откако руските сили ги превзедоа сите воени бази на Крим. Командантот на украинската воздушна база на Крим, Јулиј Мамчур беше уапсен во саботата при упадот на руските трупи во базата Белбек и отогаш нема никаква информација за него. Вчера, рсуките сили упаднаа и во украинската воена база во Феодосиа и го уапсија командантот, Дмитро Делјатински, и неговиот заменик Ростислав Ломтев. И за нив не е познато каде се наоѓаат.
XS
SM
MD
LG