Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ пред Иванов, Пендаровски пред СДСМ


Ако се суди според првите митинзи, се добива впечаток дека кампањата на претседателот Иванов ќе се води со силна поддршка на премиерот Никола Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека Пендаровски како да се обидува да ја остави партијата што го поддржува во заднина, а тој да настапува како предводник на кампањата.

Претседателските кандидати синоќа ја започнаа кампањата. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат, актуелниот претседател Ѓорге Иванов почнаа традиционално со голем митинг во Охрид, додека кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, почна со Конвенција во Универзалната сала во Скопје.

Кандидатите на ГРОМ и на ДПА, Зоран Поповски и Илијаз Халими, пак, за почетокот на кампањата им се обратија на граѓаните на скопските општини Карпош, односно Чаир.
Иванов ќе сака да придобие дополнителни поени на сметка на партијата што го кандидира, значи ВМРО-ДПМНЕ, а Пендаровски ќе сака да се издвои во однос на СДСМ за тоа евентуално да не му одземе поени кај неопределените гласачи.


Ако се суди според првите митинзи, се добива впечаток дека кампањата на претседателот Иванов ќе се води со силна поддршка на премиерот Никола Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека Пендаровски како да се обидува да ја остави партијата што го поддржува во заднина, а тој да настапува како предводник на кампањата.

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, освен претседателот Иванов, зборуваа и премиерот Никола Груевски и дел од коалиционите партнери – Кенан Хасипи, Иван Стоиљковиќ, Амди Бајрам, Лилјана Поповска, Павле Трајанов, Љупчо Димовски, како и претседателот на Паневропската унија Алан Тереноар. На конвенцијата на СДСМ, пак, освен претседателскиот кандидат Пендаровски, зборуваше само уште неговата сопруга.
Новата иселеничка голгота, може да биде спречена само ако спомениците не се поважни и поголеми од граѓаните.


Професорот по политички маркетинг Здравко Савески вели дека тоа е веројатно знак дека Пендаровски има повисок рејтинг од партијата што го кандидира, додека Иванов веројатно има понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ.

„Велам по се излгеда бидејќи во Македонија нема релевантни предизборни анкети. Ѓорге Иванов ќе сака да придобие дополнителни поени на сметка на партијата што го кандидира, значи ВМРО-ДПМНЕ, а Стево Пендаровски ќе сака да се издвои во однос на СДСМ за тоа евентуално да не му одземе поени кај неопределените гласачи“, вели Савески.​

Во првите настапи на кандидатите тие ја презентираа својата визија за Македонија, зборуваа за обединување и за темите што тие сметаат дека се важни. Ниту Пендаровски, ниту Иванов не влегоа во негативна кампања за оцрнување на противникот. Сепак, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го нападна Пендаровски, но преку говорите на премиерот Груевски и на лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам.
Македонија е признаена под уставното име од 136 држави во светот. Работите се менуваат и ќе продолжат да се менуваат, полека, но сигурно.


Главните теми на кои се осврна Пендаровски се економијата, слободата, демократијата, евроинтеграциите, поделбите на народот и иселувањето од Македонија. Наш апсолутен приоритет број еден е да го сочуваме народот. Ниту една изборна победа нема да вреди, ако Македонија биде поразена, рече Пендаровски.

„Немаме повеќе македонски граѓани за губење. Не смееме да дозволиме ова раселување на младите да продолжи. Не смееме да го тераме народот надвор од сопствената држава. Новата иселеничка голгота, може да биде спречена само ако спомениците не се поважни и поголеми од граѓаните“, рече Пендаровски.

Претседателот Иванов, пак, ги претстави неговите програмски цели: Европа во Македонија и Македонија во Европа, држава и економија кои создаваат нови работни места, Македонија дом во кој се гради благосостојба за сите. Тој ја нагласи добрата соработка со владата и зборуваше за економијата, евроинтеграциите и одбраната на идентитетот.

„Македонија е признаена под уставното име од 136 држави во светот. Работите се менуваат и ќе продолжат да се менуваат, полека, но сигурно. Невистината се повлекува пред вистината, како што темнината се повлекува пред светлината“, рече Иванов.

Кандидатот на ГРОМ Поповски вети европска и слободна Македонија, а Халими дека ќе биде претседател на сите граѓани.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG