Достапни линкови

Украинскиот парламент не ја прифати оставката на министерот за одбрана


Ихор Тенјук

Ихор Тенјук

Украинскиот парламент денеска не ја прифати оставката на привремениот министер за одбрана Ихор Тенјук. Тој ја понуди оставката поради критиките дека не дал навремени и прецизни наредби до украинските воени единици на Крим за време на руската анексија на полуостровот. Тој ги отфрли критиките. Привремениот претседател на Украина, Олександр Турчинов вчера му нареди на Министерството за одбрана да ги повлече сите украински сили од Крим.
XS
SM
MD
LG