Достапни линкови

Лошото време ја прекина потрагата по малезискиот авион


Лошото време и силните бранови ја прекинаа потрагата по исчезнатиот малезиски авион. Надлежните се сигурни дека леталото се урнало во водите на Индискиот океан и се верува дека сите 239 патници загинале. Малезискиот премиер Наџиб Разак во понеделникот изјави дека „Малејжа Ерлајнс“ лет МХ 370 се урнал на илјадници километри во јужниот дел на Индискиот океан. Извлекувањето на делови од авионот марка Боинг 777 би можело да даде објаснувања зошто леталото толку драстично го има променето курсот на летање.
XS
SM
MD
LG