Достапни линкови

Бан Ки Мун загрижен за нуклеарното оружје


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун рече дека руското анексирање на Крим може да има влијание на глобалниот договор за спречување на производство на нуклеарно оружје. На вчерашната конференција во Хаг, Бан изјави дека Украина се откажала од нуклеарниот арсенал откако добила гаранции за безбедност. „Кредибилитетот на овие гаранции беше сериозно потценет со последните случувања“ рече Бан. Аналитичарите претпоставуваат дека коментарите на генералниот секретар на Обединетите нации укажуваат на тоа дека други земји потешко ќе се откажат од нуклеарното оружје или ќе се насочат кон надградба на нуклеарниот арсенал.
XS
SM
MD
LG