Достапни линкови

ДУИ почнува кампања „Не за едностран претседател“


Демократската унија за интеграции од денеска почнува кампања „Не за едностран претседател“ за ширење на идејата за консензуален претседател на државата. „Немаме за цел да му наштетиме некому. Инсистираме и бараме изборот на претседател да се врши во Законодавниот дом“, изјави портпаролот на партијата Бујар Османи, посочувајќи дека ваквиот модел за избор на претседател се применува во повеќе европски земји. Тоа, според него, е единствено решение кое ги исполнува уставните определби и определбите на Рамковниот договор за правична застапеност на сите етнички заедници.
XS
SM
MD
LG