Достапни линкови

Малезискиот авион паднал во Индиски океан


Малезискиот патнички авион кој исчезна пред повеќе од две недели паднал во Индискиот океан, соопшти на денешната итна конференција за печатот во Куала Лумпур премиерот на Малезија Наџиб Разак. Според него, ова бло заклучено врз основа на новата анализа на податоци добиени од еден кинески сателит. Доколку веста биде потврдена тоа ќе биде крај на двонеделната потрага по авионот со 239 патници и членови на екипажот кој исчезна на летот од Куала Лумпур за Пекинг. Кинескиот сателит снимил бел предмет од околу 30 метри на околу две ипол илјади километри западно од Австралија.
XS
SM
MD
LG