Достапни линкови

Студен бран и невреме на Балканот


Студен бран изутринава го зафати регионот на Балканот со снег на планините и ветер и град и дожд по пониските делови.
Во Македонија се предвидени повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег, силен ветер, а не е исклучена ниту изолирана појава на град.
Се јавува дека улиците на хрватскиот град Ријека биле покриени од град .
Во Црна Гора, Жабљак од изутрината е под снег, а во повисоките предели снегот паѓаше подолг временски период.
Во Босна и Херцеговина времето е облачно со дожд, а и во оваа земја е прогнозоран снег на планините.
XS
SM
MD
LG