Достапни линкови

Во Грција ке се намали финансирањето на партиите


3

3

Во грчкиот Парламент е поднесен нов закон кој вклучува 50 процентно намалување на државните субвенции за партиите, како и воведување кодекс за однесување за министрите и пратениците.

Според официјалните податоци, редовните субвенции на партиите за 2010 година по глава на жител во Грција изнесувале 4,52 евра.

Во Европа партиите најскапо ги финансираат жителите на Луксембург - во износ од 19,3 евра по човек, а на второ и трето место се Норвешка и Финска, со државно финансирање по глава на жител од 7,81, односно 5,73 евра.

Во Германија секој жител „плаќа“ 1,61 евро за партиите, во Франција 1,17 евра, додека во соседна Албанија товарот на финансирање по глава на жител изнесува 0,42 евра
XS
SM
MD
LG