Достапни линкови

Рускиот министер за одбрана во инспекција на црноморската флота


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу престојуваше на Крим во инспекција на руската црноморска флота а се сретна и со сецесионистичкиот премиер Сергеј Аксионов.

Шоигу го именуваше Адмиралот Денис Березовски за командант на руската црноморска флота. Березовски беше командант на украинската флота, но минатиот месец изјави дека ја подржува про – руската влада на Крим.

Привремениот претседател на Украина Олександар Турчинов му нареди на Министерството за одбрана да ги повлече сите украински сили од Крим поради руската воена закана врз животите на војниците и нивните семејства. Инаку, денеска руски војници насилно влегоа и во украинската поморска база во Феодосија еднa од ретките воени објекти во Крим на кои се вееше украинското знаме.
XS
SM
MD
LG