Достапни линкови

logo-print

Германија одби да испорача обвинет во Фаланга 2


Илустрација: Артефакти.

Илустрација: Артефакти.

Второобвинетиот во судскиот процес Фаланга 2, Давид Шекуларац, најави дека ќе ја тужи Македонија пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур поради одлежаните 2 месеци во германски притвор.

Второобвинетиот во судскиот процес Фаланга 2, Давид Шекуларац, најави дека ќе ја тужи Македонија пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур поради одлежаните 2 месеци во германски притвор. Тој, во разговор за Радио Слободна Европа, изјави дека неговото побарување за оштета ќе изнесува половина милион евра. 71-годишниот Шекуларац беше уапсен во Германија на 11 јануари, а од притвор беше пуштен на 6 март, откако германскиот суд го одби барањето за екстрадиција од македонскиот суд.
Јас тргнав на пат и така ме уапсија горе и кога помина сè низ обвинението видоа дека тоа не личи на ништо, дека тоа е смешно, ме ослободија и ме молеа да не ја тужам Република Германија поради тоа. Но, јас ќе ја тужам Република Македонија и тоа богами жестоко.


Од Министерството за правда не одговараат зошто нивното барање е одбиено, но од Основниот суд 1 во Скопје велат дека одбивањето на барањето за екстрадиција претставува прекршок против принципите на германското законодавство. Илустрација: Артефакти.

Илустрација: Артефакти.



Во дел од документите до кои дојде Радио Слободна Европа, во кореспонденцијата меѓу германското и македонското судство, јавното обвинителство од Франкфурт бара од Министерството за правда во Скопје да испрати дообјаснување на обвинението за учеството на гонетиот во случајот. Тие бараат дообјаснување дали обвинетиот безуспешно се обидел да пронајде купувач за икона од 18 век или, пак, без ништо да преземе го известил еден од осомничените дека нема да најде купувач за иконата.
Тој не може да биде сведок затоа што лажел под заклетва.


Во истите е наведено дека службата за кривични дела во Германија е информирана за неодобрувањето на екстрадиција од страна на германската влада и дека од нив е побарано да се избрише потерницата за апсење.

Шекуларац вели дека случајот Фаланга 2 е монтиран, а причината зошто против него се води постапка е одмазда поради неколкугодишниот судски спор што го води против, како што вели, „многу влијателен бизнисмен“ во Македонија кој му должи милиони евра.

„Јас дури тргнав на пат за Америка, иако на аеродромот Сурчин во Белград ме опоменаа да не одам затоа што има потерница по мене од Македонија, а јас знаев дека нема ништо, јас тргнав на пат и така ме уапсија горе и кога помина сè низ обвинението видоа дека тоа не личи на ништо, дека тоа е смешно, ме ослободија и ме молеа да не ја тужам Република Германија поради тоа. Но, јас ќе ја тужам Република Македонија и тоа богами жестоко затоа што јас на своја 71-годишна возраст никогаш во животот не сум имал ни допир со полиција“, вели тој.

Шекуларац е клучен осомничен во процесот Фаланга 2. Обвинителството го посочи како купувач на археолошки предмети, додека, пак, првообвинетиот Илчо Бојчевски кој се товари за продажба на артефакти во својата одбрана тврдеше дека Шекуларац бил соработник на МВР кој работел на откривање на криминалната група која се занимавала со продажба на артефакти во првата Фаланга. Шекуларац тврди дека обвинението против него се темели само на исказ на еден сведок којшто во судот лаже.

„Тоа е прва работа, тој не може да биде сведок затоа што лажел под заклетва, втора работа тврдел дека сум добивал дозволи за полесен извоз на стока од Македонија од Илија Бојчевски, а јас му реков на неговиот адвокат дека треба да провери на граница мора да има копија од тие дозволи. Кога тој го соопшти тоа во судот, тие моментално ја променија тужбата и во неа повеќе не ги спомнуваат тие дозволи, значи тие си играат со човечки животи, па тие луѓе лежат 11 месеци како да го потепале пола Скопје“, вели тој.

Одбраната на Шекуларац тврди дека Интерпол е злоупотребен од македонските власти затоа што македонските власти можеле директно да се упатат во Србија за го сослушаат обвинетиот. Шекуларац тврди дека откако е стартуван процесот, никој од македонското обвинителство не се обидел да стапи во контакт со него во Србија.

Од македонскиот суд, пак, велат дека тие само објавиле национална и меѓународна потерница.

Адвокатот на Шекуларац во еден од дописите до германскиот суд барал од нив да се земе предвид корупцијата во Македонија затоа што обвинетиот води судски спор со кој бара да му се отплати долг од винско претпријатие кое изнесува неколку милиони евра.

Во писмениот одговор од македонскиот суд е наведено дека на обвинетиот кој е недостапен ќе му се суди во отсуство, по што судот, во случај одлуката да е осудителна, по правосилноста ќе издаде потерница за пронаоѓање на осуденото лице. Кога истиот ќе биде пронајден ќе му се суди во присуство доколку се исполнети законските услови и биде екстрадиран во Македонија. Ако обвинетиот е пронајден во Македонија по национална потерница ќе биде упатен на издржување на затворската казна доколку судот му изрекол казна затвор во отсуство, во тој случај во рок од една година од дознавањето истиот има право да бара повторување на постапката.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG