Достапни линкови

Обама - САД и Европа се обединети околу Украина


Американскиот претседател Барак Обама по средбата со холандскиот премиер Марк Рут во Амстердам изјави дека САД и Европа се обединети во намерата Русија да биде казнета за акциите на Крим.

Обама рече дека Европа и САД се обединети во подршката на украинската влада и украинскиот народ. Обама по Амстердам денеска во Хаг ќе разговара со кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Потоа тој ќе присуствува на Нуклеарниот самит за Безбедност и на самитот на Г – 7 на кој ќе се разговара за руската анексија на Крим.
XS
SM
MD
LG