Достапни линкови

Украина ги повлекува своите сили од Крим


Привремениот претседател на Украина Олександар Турчинов му нареди на Министерството за одбрана да ги повлече сите украински сили од Крим поради руската воена закана врз животите на војниците и нивните семејства.

Инаку, денеска руски војници со гранати и истрели од автоматско оружје насилно влегоа во украинската поморска база во Феодосија. Засега нема информации за повредени. Ова го потврди портпаролот на украинското Министерството за одбрана на Крим Владислав Селезнов. Украинската поморска база во Феодосија, беше еден од ретките воени објекти во Крим на кои се вееше украинското знаме.

Според украинските власти, руските војници била помогнати од хеликоптери. Селезнов на неговата Фејсбук страница објави дека руските војници врзале извесен број украински маринци и ги транспортирале надвор од базата. Русија ја презема контролата врз сите воени објекти на Крим. За време на викеднот беа освоени две украински воени инсталации и сега според руското министерство за одбрана, руското знаме се вее над 189 воени инсталации на Крим.
XS
SM
MD
LG