Достапни линкови

Самит во Хаг за нуклеарен тероризам, но и за Украина


Можен нуклеарен тероризам официјално е главната тема на дводневниот состанок на светските лидери во Хаг. Но, според очекувањата, таму главни ќе бидат натамошните мерки на Западот откако Русија го анектира Крим.

Самитот за нуклеарната безбедност во Хаг е можност за итен состанок на Групата 7 за руската анексија на Крим. Судирот меѓу Западот и Русија околу Украина, според аналитичарите, веќе потсетува на Студена војна.
Делегации од 53 земји, вклучувајќи ги и лидерите на Соединетите држави, Кина и Јапонија преговараат за намалување на залихите на нуклеарен материјал и за подобро обезбедување со цел тој да не дојде до рацете на терористи.


Претседателот на Русија Владимир Путин не е во Хаг, туку таму е шефот на дипломатијата Сергеј Лавров.

Домаќинот на собирот, холандскиот премиер Марк Руте изјави дека самитот ќе биде можност светските лидери директно да разговараат за Украина и за Русија.

САД и Европската унија воведоа санкции за некои членови од блискиот круг соработници на рускиот претседател Владимир Путин.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, вчера изјави дека ЕУ била обединета во намерата да се наметнат економски санкции.
САД и Европската унија воведоа санкции за некои членови од блискиот круг соработници на рускиот претседател Владимир Путин.

Но, како што оценуваат експертите, ваквата дипломатија насочена кон Украина, не би требало лидерите да ги оддалечи од целта на собирот во Хаг, подоброто обезбедување на нуклеарниот материјал.

Делегации од 53 земји, вклучувајќи ги и лидерите на Соединетите Држави, Кина и Јапонија преговараат за намалување на залихите на нуклеарен материјал и за подобро обезбедување со цел тој да не дојде до рацете на терористи.

На самитот не учествуваат Северна Кореја и Иран.

Ова е трет самит од 2009 година кога беше покренат од претседателот Барак Обама, кој изјави дека една од неговите најважни надворешно политички цели е намалување на ризикот од терористички напад со нуклеарно оружје.

Холандскиот премиер Руте пред почетокот на состанокот во Хаг изјави дека само во минатата година до Меѓународната агенција за атомска енергија биле пријавени 146 нуклеарни инциденти. Иако главно станувало збор за случаи со загубен па повторно најден нуклеарен материјал, можноста од сериозен инцидент, според Руте, и натаму е многу голема.

Инаку, бројот на земјите кои имаат доволно високо збогатен ураниум или плутониум за изградба на бомба, постојано опаѓа од 39 пред првата конференција во Вашингтон во 2010 година, до сегашните 25.

Завршниот самит од оваа серија веќе е закажан за 2016 година во Вашингтон. Најверојатно тогаш ќе се преговара за механизмот за помош во справувањето со нуклеарните материјали и нивното обезбедување, улога која би можело да ја преземе Меѓународната агенција за атомска енергија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG