Достапни линкови

Стартуваше кампањата за претседателските избори


Ѓорге Иванов, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, ја претстави програмата за претстојните претседателски избори

Ѓорге Иванов, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, ја претстави програмата за претстојните претседателски избори

Од денеска започнува дваесетдневната кампања за претседателските избори закажани за 13 април. Во трката за претседател
е учествуваат актуелниот претседател Ѓорге Иванов, како предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА.

ВМРО-ДПМНЕ претседателската кампања ќе ја започне во Охрид, од каде редовно ги започнува своите изборни активности. Иванов вчера во Скопје ја претстави својата програма за претстојните избори.

На Конвенција во Универзалната сала во Скопје,СДСМ денеска ќе го промовира претседателскиот кандидат Пендаровски.

ГРОМ и кандидатот за претседател Зоран Поповски кампањата ќе ја почнат во Лептокарија, во Општина Карпош во Скопје, каде во 19 часот ќе одржат централен митинг.

Кандидатот на ДПА Илјаз Халими во 18 часот заедно со своите сопартијци ќе ја претстави својата платформа на митинг во скопски Чаир.

Првиот круг на петтите претседателски избори ќе се одржи на 13 април, додека вториот круг од изборите на 27 април, за кога се закажани и предвремените парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG